Москва: Порано или подоцна, ќе дојде крајот на доминацијата на доларот

од Vladimir Zorba
176 прегледи

ПРОЦЕСОТ на дедоларизација започна и порано или подоцна на доминацијата на таа валута ќе и дојде крајот, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Панкин.

На прес-конференција, на прашањето дали Русија може целосно да се ослободи од доларот и како тоа ќе влијае на позицијата на Америка на меѓународно поле, Панкин рече: „Процесот е започнат, тоа е тенденција, тренд. Се разбира, позициите на доларот во светската економија се силни, има цела низа на зависности. Доларот не е само финансиски инструмент. Американската политика го поддржува тоа со други форми на зависност, мрежа на односи во воено-политичката сфера, економска и др“.

Многу земји, додаде Панкин, сега стануваат посилни, а довербата во нивните валути е соодветно поголема.

– Не знам дали доларот ќе исчезне како таков, додаде рускиот функционер.

Тој оцени и дека американскиот долар станува токсичен за секојдневното работење.

Дипломатот изјави дека во 2022 година, голем број земји значително го намалиле обемот на резервите во долари и ги зголемиле резервите на злато.

– Оваа тенденција не се однесува само на земјите кои се пријатели на Русија. Некои од овие земји не ги сметаме за непријателски, но тие донесоа некои мерки кои ги сметаме за непријателски. Тие тенденции покажуваат дека доларот станува силна, но токсична валута за секојдневните операции, рече Панкин и додаде дека тоа засега не е преовладувачка тенденција, но може да стане.

Заменик-шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека руската економија го издржала влијанието на санкциите подобро отколку што очекуваа земјите што ги воведоа.

Слични содржини