Москва посочи и покрај санкциите, со кои земји соработува

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи го  објави својот извештај за 2014 година, во кој пријави  неколку европски земји со кои соработката останува на добро ниво, и покрај санкциите наметнати од САД и Европската унија, соопшти РИА “Новости”.

еден правец

Иако САД наметнуваат својата политика на “воздржување” кон Русија и на Европската унија, има земји со кои продолжуваме соработка  на високо ниво, пишува уште во извештајот. Москва посочува дека поради санкциите, трговските врски со Брисел во 2014 година падна за 8%, а некои заеднички проекти се замрзнати привремено. Заедно со тоа, сепак некои земји од ЕУ продолжуваат да работат со нас доволно активно, тврдат руските дипломати. Германија никогаш не ја отфрлила можноста за прагматичен дијалог, Австрија, исто така е меѓу земјите противници на долгорочната конфронтација со Русија, пишува уште во извештајот. Меѓу останатите земји со кои соработката продолжува се Унгарија, Словачка и Србија.