Москва размислува да го укине ембаргото за Грција

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Според прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, властите можат да развијат опции за снабдување на земјоделско -стопанска продукција од Грција и Унгарија во Русија, соопшти ТАСС. Во одговор на јавното  барање на Грција, да се укине забраната за дотур на голем број видови на овошје, во Кремљ најавија дека се подготвени за преговори.

грк рус

Дмитриј Песков  за “Известија”  посочи за развој на шема за меѓународна соработка, која предвидува набавка на суровини за преработка во претпријатијата на прехранбената индустрија во Русија. Според експертите, Руската Федерација го презема курсот за ублажување на изреченото ембарго во корист на руската економија, без тоа да носи штета на руските производители. Потсетуваме дека минатиот викенд Грција се сврте кон Руската Федерација да ја поништи забраната за снабдување на некои видови земјоделско производство, најмногу праски, јагоди и портокали.

Ова прашање беше поставено од заменик-министерот за рурален развој на Грција Панајотис Сгуридис на средбата со претставникот на Росселхознадзор на РФ Алексеј Алексеенко,  во рамките на меѓународна изложба. Сгуридис соопшти дека производството буквално “гние во магацините”. Песков соопшти дека Русија не може да  направи исклучок за Грција, која е една од земјите членки на ЕУ, во однос на кои се наметнати одмазднички санкции, но Русија е отворена кон развивање на други шеми за соработка. “Има доволно цврсто правило на Светската трговска организација. И Русија како член на оваа организација, не може да применува изборни дејствија.

Не можат да се наметнат санкции на земјите од ЕУ, а потоа селективно спрема некои од овие земји да се укинат санкциите. Во конкретниот случај може да се развие шема за не директни испораки “, појасни Песков. Тој потсети дека во февруари 2015 година во рамките на работната посета на Будимпешта, Владимир Путин изјави дека и покрај санкциите, Русија ќе може да соработува со Унгарија во агро-индустрискиот сфера. “Претпоставувам дека заедничката работа на создавање на заеднички вложувања во агро-индустриската сфера, ќе ни помогне да се најде излез од онаа ситуација, која е поврзана со одмазднички санкции на Русија во врска со снабдувањето на агро-стопанска продукција од Европа во РФ “, изјави на 17 февруари Владимир Путин.