Бројот на новозаразени со коронавирус се зголеми за повеќе од илјада случаи во рускиот град Санкт Петербург, во пресрет на четвртфиналниот натпревар на Европскиот фудбалски шампионат што ќе се одигра во градот во петок.
Градските власти пријавија скоро 1.300 случаи во еден ден, 50 повеќе од претходниот ден. Во рок од 24 часа, повторно имаше повеќе од 100 смртни случаи.
Властите соопштија дека имало 21.600 новозаразени лица низ целата земја. Москва беше најтешко погодена, со 6.700 нови инфекции и 114 смртни случаи, што е најмногу од почетокот на пандемијата, објави новинската агенција Интерфакс.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, осврнувајќи се на брзото ширење на делта варијантата на вирусот, рече: „За да го решите во основа овој проблем, мора да бидете вакцинирани или да воведете карантин“.
Москва повторно ја отвори својата фан-зона за Европското првенство во фудбал, откако беше привремено затворена. Бројот на заразени во Русија рапидно расте од почетокот на јуни.