Москва: САД го реализираат сценариото во Ереван, исто како и во Украина

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Членот на комитетот на Советот на Руската федерација за меѓународни работи Игор Морозов смета дека настаните во Ерменија потполно се копираат во првата фаза, и истакнува дека САД можат да го управуваат развојот на настаните во Ереван поради огромната амбасада, која е на второ место во светот по бројност.erevan
Протестната акција започна минатиот петок на плоштадот Слобода во Ереван и во понеделникот прерасна во поворка кон резиденцијата на претседателот. Во вторникот маршот беше распрснат од полицијата. Демонстрантите сакаат да се отповика одлуката на Комисијата за регулирање на јавните услуги и зголемување на цените на електричната енергија.

Морозов смета дека во Ерменија може да се случи државен удар, како во Украина за време на Мајдан. “Ерменија е многу блиску до државен удар со употреба на огнено оружје. Тоа ќе се случи, ако претседателот Серж Саргсјан не си извлече лекција од украинскиот Мајдан и не си направи соодветни заклучоци “- изјавил тој за РИА Новости.

Тој истакнал дека сегашните настани во Ерменија “еден на еден” го повторуваат сценариото на првата фаза на државниот удар во Украина. “Тогаш украинската опозиција исто така, одби да се сретне со претседателот Виктор Јанукович и почна да апелира до меѓународната заедница, а на демонстрантите започнаа да им се придружуваат европски политичари” – потсетува сенаторот. Според него тогаш беше очигледно дека сценариото се диригира од амбасадата на САД во Киев.

“Американската амбасада во Ерменија исто така активно учествува во сегашните настани во Ереван. При тоа треба да се напомене дека амбасадата на САД во Ерменија по бројност е на второ место во светот по онаа во Ирак, иако Ерменија е мала земја (3,3 милиони) “- рекол Морозов.