Москва со соопштение по НАТО самитот. Што пишува во него?

од desk3
106 прегледи

Политиката на НАТО за одвраќање, применета во однос на Русија, го зголемува ризикот од “потенцијални конфликти во евроатлантската зона”, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесе Франс прес.

“Навистина треба да констатираме дека односите меѓу Русија и НАТО достигнаа до најниско ниво од крајот на Студената војна. Западните земји избраа една затворена и центрирана НАТО безбедносна архитектура”, се вели во соопштението, соопштија светските агенции.

“Оваа политика е последица на долгорочната стратегија за политичко и воено одвраќање на Русија”, вели руското Министерство за надворешни работи, имајќи ја во предвид “доктрината Труман” за одвраќање на експанзијата на советското влијание.

“Директната последица на тоа би било зголемувањето на потенцијалните конфликти во евроатлантската зона”, додава министерството и ги критикува “мерките за зајакнување на способностите на НАТО на неговото источно крило блиску до руските региони”.

“Односите меѓу Русија и НАТО го  одредуваа  квалитетот на европската и меѓународната безбедност”, додава руското Министерство за надворешни работи и изразува жалење што “митот за закана која доаѓа од Истокот, ги спречува државите да ги здружат напорите во борбата против заедничките закани и предизвици “.

Изјавата на руското министерство доаѓа  по самитот на НАТО, која во голема мера беше посветена на борбата против тероризмот.

Вчера европските земји членки на Алијансата одлучија  НАТО да стане полноправен член на меѓународната коалиција против “Исламска држава” во Ирак и Сирија, нешто што Вашингтон го сакаше повеќе од една година.

На вчерашната средба во Брисел присуствуваше и лидерот на Црна Гора, која на 5 јуни ќе стане 29-та членка на Атлантската алијанса. Москва на  проширување на организацијата гледа како на знак за агресија кон неа.

Во април Русија рече дека пристапувањето на Црна Гора во НАТО ” ја одразува логиката на конфронтација на европскиот континент и одбележувањето на нови демаркационата линија”, потсетува Франс прес.

Слични содржини