„Москва тајмс“: Блеф над блефовите на Путин – „Орешник“ е пропаганден трик!?

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Новото супер-оружје на Владимир Путин, хиперсоничната ракета „Орешник“ всушност е пропаганден трик, а лансирана е со намера да го исплаши Западот, тврди „Москва тајмс“.

Дури четворица руски функционери потврдиле за тој весник дека ракетата има најмалку пет години од почетокот на производството и дека тоа што наредил рускиот претседател да биде лансирана е само трик.

Да потсетиме, откако администрацијата на Бајден и даде зелено светло на Украина да ја таргетира Русија со ATACMS, а потоа и Велика Британија за ракетите Storm Shadow, Украина ја нападна територијата на Русија.

Одговорот беше лансирањето на хиперсонична ракета „Орешник“ на Днепар во Украина.

Сепак, изненадувањето беше што ова моќно оружје не „срамни“ сè со земја, а не долго потоа беше понудено објаснување дека изненадувањето на Путин за Западот е исполнето со „празнини“.

Сепак, снимката од нападот предизвика тревога низ светот, иако едвај ја оштети украинската фабрика за одбрана која беше цел на „Орешник“, која може да носи нуклеарни боеви глави.

„Москва тајмс“ сега објави дека четворица руски официјални лица велат дека заканата со „Орешник“ всушност била „исценирана изведба“ на режимот на Путин и дека е речиси невозможно ракетата во овој момент да предизвика голема штета.

„Имаше бреинсторминг сесии за тоа како да се одговори и како да се стават Американците и Британците на нивно место, бидејќи тие му дозволија на Зеленски да користи оружје со долг дострел“, изјави руски извор за „Москва Тајмс“, цитиран од Дејли мејл.

„Прашањето беше и како да се исплаши Берлин и другите Европејци да не го сторат тоа повторно“, додаде изворот.

Друг руски функционер, за кој се вели дека е од руското Министерство за одбрана, исто така призна дека Русија „најверојатно нема реални резерви на системот „Орешник“.

„Со оглед на бирократијата и заостанатоста, ќе бидат потребни пет до седум години за индустријата да го воспостави неговото производство“, додаде изворот.

Во извештајот се наведува дека кога бил лансиран „Орешник“, всушност била на дело класичната воена пропагандна кампања на Кремљ.

Трет руски функционер, исто така неименуван, изјави дека на јавноста и биле претставени „неколку епизоди“ поврзани со лансирањето на „Орешник“, почнувајќи од ударот на проектилот, преку ширење снимки на социјалните мрежи и странските медиуми.

Извештајот на „Москва тајмс“, исто така, тврди дека го снимил моментот кога високи претставници на руското Министерство за надворешни работи биле повикани на мобилен телефон среде прес-конференција, кога наводно им било кажано да не ги коментираат тврдењата за лансирање интерконтинентална балистичка ракета – со оглед на тоа дека прво се мислеше дека Русија лансирала ICBM.

Актерите во претставата биле прес-секретарот на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, и кураторот на медиумите на Кремљ, Алексеј Громов“, се наведува во извештајот.

Еден од руските официјални лица изјави за „Москва Тајмс“: „Некои учесници во бреинстормингот беа особено горди на овој трик“.

Слични содржини