Москва: Украина се обиде да го нападне гасоводот „Турски тек“ во јужна Русија

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Русија во понеделникот објави дека соборила девет украински беспилотни летала кои се обиделе да нападнат дел од инфраструктурата на гасоводот „Турски тек“, преку кој Русија испраќа гас во Турција, а потоа во Европа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот бил насочен кон компресорска станица во Краснодарската област во јужна Русија, но дека станицата сега работи нормално и нема жртви.

Ројтерс не беше во можност да ја потврди веста од независни извори, а Украина се уште не коментираше ништо на темата.

„Турски тек“ и „Синиот тек“, кои минуваат низ Црното Море до Турција, се последните рути на гасоводот на Русија до Европа, откако Украина одби да го обнови петгодишниот договор за транзит на руски гас преку нејзина територија на почетокот на годинава.

Во руското соопштение се наведува дека фрагменти од соборените беспилотни летала предизвикале мала штета на зградата и опремата на мерната станица, која брзо била санирана.

Гасоводот започнува на компресорска станица во близина на рускиот град Анапа и води до Кијикој во Турција, а потоа до Европа.

Компресорските станици се користат за стабилизирање на притисокот на гасот и нивото на проток.

Слични содржини