МОСТ ја повикува ДИК да даде прецизно упатство за пријавување на сомнителни податоци во ИС

од desk3
93 прегледи

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија (ДИК) ја објави новата интернет страница која нуди опција за проверка на подетални податоци во Избирачкиот список. На овој начин граѓаните за прв пат покрај можност за проверка со внесување на ЕМБГ, имаат можност да ги проверат и останатите податоци во ИС преку внесување на адреса на живеење, како и име и презиме.

most-graganska-asocijacija

По објавувањето на оваа нова можност за проверка на податоците се појавија индиции за (не)точноста на истите, но и голем број на нејасности на начинот на кој граѓаните можат за ги пријават овие нерегуларности.

Имено доколку при проверка во Избирачкиот список објавен на интернет сраницата на ДИК се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците кои ги содржи Избирачкиот список, согласно член 48 од Изборниот законик, став 2, секој граѓанин има право да поднесе барање до Подрачното одделение/канцеларија на Државната изборна комисија за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое ќе приложи и соодветна документација.

(ВИДЕО) Хојт Ји: Сите да ја поддржат работата на Јанева, секој одговорен за кризата да одговара

Сепак иако е објавена информацијата за тоа дека секој граѓанин може да поднесе барање за промена на податоци во ИС, ја повикуваме ДИК паралелно да го прецизира „Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список, како и постапка за спроведување на теренска проверка заради ажурирање на истиот“ за граѓаните да ја разберат процедурата и истата да ја спроведат ефикасно, брзо и едноставно. Имено, во овој Правилник недостасува упатство за начинот, како и неопходните документи кои граѓаните треба да ги поднесат при различни ситуации кои се појавуваат на ИС, а не се предвидени и опфатени со истиот.

 

МОСТ ја повикува ДИК да делува брзо, одговорно и транспарентно, имајќи ги предвид големиот број на нејасности кои ги увидоа граѓаните.

 

 

Граѓанската асоцијација МОСТ веќе 14 години укажува на неопходноста за прочистување на Избирачкиот список. МОСТ апелира до сите граѓани со право на глас да ги проверат податоците во ИС и доколку забележат било какви неправилности истите веднаш да ги пријават во подрачните единици на ДИК или пак на бесплатниот телефонски број на МОСТ 080 080 080 каде што ќе добијат соодветен совет.

 

Проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија Националниот демократски институт и Националниот фонд за демократија.