Тиаго Мота признава дека се соочувал со стресни моменти во Јувентус, но отсекогаш пристапувал на својата работа максимално посветено и им се заблагодарил на сопствениците, директорите и играчите еден ден откако доби отказ. Јувентус вчера објави дека се разделува од Мота и за тренер го назначи поранешниот тимски играч Игор Тудор.
Извештаите во Италија тврдат дека Мота бил информиран за одлуката на Јувентус во неделата додека бил на неколкудневен одмор со своето семејство во Португалија.
„Доживеав тензични моменти, секогаш соочувајќи се со нив со максимална одлучност и желба да се подобрувам секој ден“, рече поранешниот тренер на Јувентус во изјава за АНСА.
„Им благодарам на раководството што ми даде можност да бидам дел од овој голем клуб, на директорите и на сите луѓе во клубот кои ме поддржуваа во мојата секојдневна работа. Исто така, им благодарам на играчите за нивните напори и посветеност од првиот ден. На навивачите и на Јувентус им посакувам се најдобро во иднина“, додаде Мота.
Минатото лето Мота потпиша договор до 2027 година, но неговиот престој во клубот траеше само девет месеци.
Лошите резултати и лошите односи со дел од играчите во соблекувалната доведоа до негов отказ нае девет натпревари пред завршување на Серија А.
Неговиот наследник Игор Тудор пристигна во базата во Континаса во недела навечер, а во понеделник попладне ќе го одржи првиот тренинг.