Тренерот на Болоња, Тиаго Мота зборуваше за тоа колку му се допаѓа неговата професија. Тој, исто така, призна дека се чувствува многу поласкан од интересот на голем број италијански и странски водечки клубови за него.
Младиот стручњак одлично си ја врши работата во Болоња која е на четвртата позиција во Серија „А“, а неговиот договор е само до крајот на актуелната сезона.
„Кога почнав да се занимавам со оваа професија, бидејќи имав среќа да почнам веднаш, сфатив дека ова е мојата најголема страст по играњето фудбал. Како тренер имате различни обврски. Треба да соберете многу фудбалери кои размислуваат на различни начини, но потребно е да ги натерате да играат заедно. Се подразбира дека сум среќен и горд на интересот на врвните клубови. Ова е многу задоволувачко и е признание за постигнувањата на нашиот тим не само од аспект на резултатите, туку и за начинот на кој ги постигнавме. Се чувствувам многу добро и, да бидам искрен, не размислувам за мојата иднина, бидејќи минуваме низ толку одличен период и сакам максимално да уживам во него. Кога ќе дојде време за ова, ќе размислувам за мојата иднина“, прокоментира Мота за време на спортски настан во Кастиљоне Фиорентино.