Мотоциклистичка катаклизма завчера на патот Меџитлија – Старавина

од desk2
20 прегледи

На патот Меџитлија – Старавина, како што извести СВР Битола, завчера попладнето било жестоко. Четирицикл со двајца на него повредил двајца пешаци, а сосема друг мотоциклист паднал од возилото и задобил тешки повреди.

Двете несреќи во СВР Битола биле пријавени во исто време – во 16.25 часот завчера, се дознава од полицискиот билтен.

Во првиот инцидент, на регионалниот пат Меџитлија- Старавина мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од Г.А.(39) од Битола излетал од коловозот. Во несреќата Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Вториот инцидент, пријавен истовремено со првиот, е сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп.

Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увидите во двата случаи ги вршела увидна екипа на СВР Битола.