Моторџија од Србија паднал на автопатот Скопје-Велес, се здобил со тешки повреди

од Milan1
24 прегледи

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, М.М.(43) од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје“,  соопштија од МВР.