Моторизирана банда киднапирала голем број деца, повеќе од 150 ученици, во исламското училиште Салиху Танко во Рафах, Нигерија. Едно лице е убиено, додека друго е во критична состојба, објави „Ројтерс“.
Тамошната полицијата потврдила дека се случил инцидентот, но не го прецизираше бројот на киднапирани деца. Киднапирањето, колку што е познато, го извршиле вооружени разбојници со мотоцикли. Напаѓачите убиле едно лице, а друго е во критична состојба.
Сопственичката на училиштето Абубакар Тегина за „Ројтерс“ изјави дека била сведок на нападот. Таа рече дека видела 20 до 25 вооружени киднапери на мотори, а според проценките тие киднапирале повеќе од 150 ученици и ученички.
Таа исто така навела дека киднаперите ослободиле 11 ученици затоа што биле премногу мали и не можеле да одат. Во нападот била заробена и група патници од автобус кој се нашол таму.
Инцидентот е последен во низата масовни киднапирања во нигериските училишта зад кои стојат вооружени банди кои бараат откуп на пари. Бројни училишта се затворени поради чести инциденти, пренесува Хина.