Мотоцикл удри во велосипед, тинејџерка е пренесена во болница

од Nikola Popovski
264 прегледи

Осумнаесетгодишна девојка со тешки повреди е пренесена во болница откако во неа удрил мотоцикл.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера на ул.Јордан Мијалков во Скопје, кога мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје.

Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.