Можам да гарантирам дека истрагата ќе биде навистина целосна и брза, изјави Јавниот обвинител Коцевски

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Можам да гарантирам дека истрагата ќе биде навистина целосна, брза. Ќе ангажираме вештаци од сите области така што ќе ги видиме причините и ќе видиме чија е одговорноста, рече Јавниот обвинител Љупчо Коцевски по повод пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој загинаа најмалку 51 лице, а стотици се повредени. 18 лица се во критична состојба во болниците ширум земјава.

Обвинителот кажа дека во моментот јавните обвинители издаваат наредби во однос на одговорноста како хоризонтална, така и вертикална и евентуалните лица што можат да бидат инволвирани и да има одговорност во овој настан.

Коцевски не откри колку лица досега се приведени, посочувајќи дека во текот на денот и за тоа ќе биде информирано.

– Откако Јавното обвинителство е известено формиравме тим од петмина јавни обвинители, со тоа што двајца јавнио обвинители од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани. Дел од обвинителитре се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства, посочи обвинителот.

Слични содржини