Може Барса и без Меси

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Фудбалерите на Барселона ја отворија новата сезона во Ла Лига со победа од 4:2 (2:0) над Реал Сосиедад.

Тоа ќе биде прва сезона без Лионел Меси по речиси две децении, што барем на трибините го одбележа овој натпревар.

Долу на теренот, играчите направија се за да го свртат вниманието кон себе и успеаја во тоа, бидејќи домашниот тим покажа дека неодамнешниот шок не ги потресе премногу.

Веќе во 19. минута, Мемфис Депај запиша асистенција, а Жерар Пике постигна гол за водство на каталонскиот клуб.

Во продолжение на првото полувреме, Мартин Брајтвајт погоди за 2:0, а потоа Данецот беше прецизен во 59. минута за, се чинеше, удобни 3:0 во преостанатиот половина час.

Тој резултат остана на сила до 82. минута, кога првиот гол за Сосиедад го постигна младиот Лобете Сенфуегос.

Само три минути подоцна Микел Ојарзабал постигна фантастичен гол од слободен удар и на крајот имавме целосна драма.

Сепак, Барса преживеа, и успеа да стигне до четвртиот гол по контра и егзекуција на Серхи Роберто.

Така беше потврдена победата на почетокот на шампионатот.

Слични содржини