Може ли да се поништи Договорот со Бехтел и Енка? „Негативно ќе влијае на целокупната промоција на Македонија кон странските инвеститори“

од Nikola Popovski
690 прегледи

Договорот за изградбата на „Паневропскиот Коридор 8“ Албанија-Бугарија во делот кон Албанија и „Паневропскиот Коридор 10Д“ кон Грција беше потпишан на почетокот на март годинава во Владата со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Изградбата на патиштата Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар – Букојчани, како дел од Коридорите 8 и 10Д, според првите пресметки, треба да чини повеќе од 1,5 милијарди евра. За да се гради без пречки и да се избегне заглавување на процедури и навреме да се градат планираните автопати, за конзорциумот Бехтел и Енка нема да важат одредбите од Законот за шуми, земјоделско земјиште, експропријација и работни односи, за кои се очекуваше да поминат во Собрание, пред ВМРО-ДПМНЕ и Левица да поднесат вкупно над илјада амандмани. Иако од таму велат дека ваквиот договор е криминален, власта е децидна дека ќе донесе придобивки и раст на БДП.

Се поставува прашањето дали опозицијата може да го спречи потпишувањето на договорот. За порашениот министер за транспорт и врски и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балкоски вистината околу Договорот со конзорциумот е помеѓу две крајности.

-Од една страна е потпишан од Владата и не може да биде криминален до тој степен, но од друга страна тоа што дека ќе донесе развој од 2%, се сомневам затоа што тие средства Владата да ги одвоеше во било која вредност, пак ќе донесеа 2% економски развој, согласно овие услови и вложувања што ни ги кажува Владата колку што ќе чини договорот. Автопатиштата ни требаат, но процесот како што тече целиот договор, мислам дека тука Владата има направено грешка, вели Балкоски за „Локално“.

Околку евентуално спречување, Балкоски оценува дека може да се случи, но тогаш државата ќе плаќа огромни трошоци на сметка на изведувачот, а од друга страна и поништување на таков договор, негативно ќе влијае на целокупната инвестициска активност и целокупната презентација и промоција на Македонија кон странските инвеститори.

-Која Влада и да доаѓа, ќе се плашат дали некој договор ќе биде поништен или не. Затоа сега инсистирав да се направат работи кои можат да донесат добро на државата. Сега е моментот да се направи. Сега може да се издејствува, барем нешто да можеме да подобриме во тој дел, согласно предлог измените во Собранието. Суштествено е дека Владата не требаше да направи таков предлог-закон во 2021 година. Имав поднесено амандмани, но Владата ги одби сите, рече пратеникот.

Љупчо Балкоски

Појаснува дека од секој автопат има придобивки, но работата е што во 2001 и 2002 ги потпишавме Меморандумите за паневропските коридори со ЕУ.

-Многу е битно дека овие Коридори влегоа во Паневропската Унија и дел од тие коридори ги издејствувавме и се плаќаа од евтини кредити од ЕУ. Другиве делови од Коридорите многу поскапо ќе ги плаќаме. Сето тоа требаше да се направи во делот на соработка со ЕУ. Ние требаше да се обратиме во ЕУ за овие Коридори затоа што многу погрешно вели Владата дека сега ги правиме Коридорите 8 и 10Д, што не е точно. Коридорот 8 од Куманово-Скопје и Тетово-Гостивар имаме автопат. Коридорот 10 од Табановце до ГП „Богородица“ е автопат. Коридорот 10Д е гранка од Коридорот 10, тој е Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија. Јас го поставив сушственото прашање зошто Владата не се договори со Бехтел и Енка да го направат автопат и делот од ГП Деве Баир до Куманово, ни вели Балкоски, потенцирајќи дека тоа ќе остане нас тесно грло и ќе ни остане тесно грло од Велес-Прилеп и од Битола од Меџитлија.

-Зошто Владата не го прави целиот Коридор 8 и Коридор 10Д, кога веќе Бехтел и Енка доаѓаат во државата. Коридорот 8 е Девер Баир-Ќафасан. После ќе ни се случи после 5 или 7 години, пак да немаме ги завршено Коридорите, оценува соговорникот.

Балкоски информира дека уште претходно поднел амандмани за целиот Коридор 8 и 10Д, но тогашната Влада му ги одбила одби.

-Не знам која е стратегијата на Владата, во однос на Коридорите. Тоа се само делови од Коридори. Со милијарда и 300 пак немаме да имаме завршено европски коридори во Македонија, смета поранешниот министер за транспорт и врски.

Н.П.

Слични содржини