Може ли Груевски да не замине во затвор: побарал од Врховниот суд да му го одложи одењето

од desk2
132 прегледи

Поранешниот премиер Никола Груевски, односно неговите адвокати, во средата до Врховниот суд поднеле Барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“, а воедно поднале и барање за одложување на издржување на затворската казна, пишува Фокус.

-Веднаш штом ја добивме пресудата поднесовме барање до Врховниот суд, а барање за одложување ќе поднесеме и до судијата за извршување на санкциите, ни изјави адвокатката Сања Алексиќ.

Груевски денеска го доби и упатниот акт според кој на 8 ноември треба самиот да се пријави во истражниот затвор „Скопје“.

Сепак можно е воопшто и да не стапне зад решетки, односно доколку Врховниот суд одлучи да му го одложи издржувањето на казната затвор, додека да донесат одлука по вонредното преиспитување на пресудата.