Дали Ливерпул може да остане без својот лидер, а англиската Премиер лига да загуби една од своите најголеми ѕвезди? Мохамед Салах влегува во последните шест месеци од договорот со „црвените“ и од денеска е слободен да преговара со други клубови надвор од Англија.
Салах ги загрижи навивачите на Ливерпул по победата од 5:0 над Вест Хем, велејќи дека се уште е далеку од потпишување на нов договор.
Тоа сепак зборува за затоплување на односите во однос на крајот на ноември, кога фудбалерот беше разочаран од немањето никаква понуда од клубот.
Правилата му дозволуваат да разговара со тимови надвор од Премиер лигата и во последниот месец од договорот со англиски тимови.
И покрај тоа што наполни 32 години во средината на минатата година, Салах ужива во извонредна сезона и шпекулациите околу неговата иднина не влијаеја на неговите перформанси. Египетскиот напаѓач е најдобар стрелец во Премиер лигата со 17 погодоци и директно учествувал во 30 од головите на „црвените“, што е повеќе од било кој друг во 18 натпревари во една сезона во историјата на Премиер лигата.
Салах има постигнато најмалку 20 гола во секоја од неговите 8 сезони со тимот на Ливерпул, единствените пред него во таа бројка од легендарните стрелци на Премиер лигата Алан Ширер и Хари Кејн.
Ливерпул ќе го одигра првиот натпревар во 2025 година во сабота кога ќе му гостува на Манчестер Јунајтед во најголемото дерби на англискиот фудбал.