HTC прават многу напор за повторно да станат посакуван бренд кај корисниците при изборот на паметен телефон. И покрај нивните различни иницијативи, обидите во оваа област постигнаа доста контрадикторни резултати. Тајванскиот производител не се откажал од своите високи цели и верува дека новите технологии се клуч за обновување на нивниот бизнис. HTC сметаат да ги зголемат своите инвестиции во областа на проширена и виртуелна реалност, вештачка интелигенција и 5G мрежите.

Информацијата беше лично потврдена од страна на претседателот на компанијата, Шер Ванг, информира Digitimes. HTC ќе им понуди на потрошувачите единствена комбинација на функции со горенаведените технологии во нивните следни паметни телефони со високи перформанси. Тајванскиот производител веќе експериментира со блокчеин технологијата и може да изненади со премиерата на таков производ. Ова е долгорочна стратегија, при што НТС ги очекува реалните резултати од тековната инвестиција за околу две години.
Ве потсетуваме дека HTC декларираа приход од 2,04 милијарди долари во 2017 година, што претставува пад од 20,5% на годишна основа. Сепак, компанијата ја започна годината на позитивен начин и стави крај на долгата низа последователни квартали, во кои објави загуби. Аналитичарите предвидуваат дека стабилизацијата ќе продолжи и во тековниот квартал. Голем придонес во развојот на овие процеси ќе има Vive екосистемот на уреди и апликации со виртуелна реалност.