Може ли Расел Кроу да ги оживее кината (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Иако критичарите го нарекоа неговиот нов филм „Unhinged“ (наш слободен превод – „Исчашен“) „тежок за гледање“ и „непотребно непријатен“, славниот австралиски актер Расел Кроу може да биде новиот херој што ја враќа публиката во кината по карантинот.

Под нормални околности, „Unhinged“ би бил бргу заборавен, но сега делува како светло во темнината на пандемискиот свет, можност едноставно да ги пренасочиме нашите мисли од мрачната реалност во кино и филм. И Кроу го знае тоа.

Кроу знае, пишува „Гардијан“, дека не направил филм со кој ќе добие Оскар, но сепак тој се осмелува да ја покани публиката да го гледа во темнината на кината на многу оригинален начин. Како прво, американските, од каде треба да започне филмот, и ако кината повторно работат во Америка, ќе работат во поголем дел од светот, дури и кај нас.

На почетокот на видео клипот, Кроу ги кани луѓето во кината со интонација што потсетува на домаќините во Оскар.

„Тие велат дека суштината на кино искуството може да се објасни со зборот: катализатор. Социјален договор. Поврзување Динамична сила што го трансформира кинематското искуство, што го прави зона во која нашата интимност се спојува со филмското платно и небото“.

После кратка пауза, тој повтори: „Тие велат …“, потоа намигнува и, излегувајќи од улогата на презентер на Оскарите, продолжува: „Но, кои се тие? Некои претенциозни кретени кои се обидуваат да ви мочаат во џеб велејќи дека врне дожд. Еб*те го тоа с*ање“.

Потоа, гледаме трејлер за филм во кој Кроу негодува нешто, вози разни автомобили и очигледно убива луѓе.

Потоа повторно се обраќа пред публиката и ги искажува зборовите од почетокот на овој текст:

„Имам нов филм, тој се вика „Unhinged“. Јас не се заебавам со вас. Се вика „Unhinged“ и ќе биде во кината. Одете“.

Психолошкиот трилер „Unhinged“ ја раскажува приказната за Рејчел (Карен Писториус), која доцнејќи за работа во сообраќаен метеж, налетува на човек (Кроу), кој поради својата психичка лабилност наскоро станува смртоносна закана за неа и за сите што ги сака.

Слични содржини