Може ли Трамп да се кандидира за претседател на САД во 2024 година, доколку биде отповикан?

од Nikola Popovski
291 прегледи

Последниве денови, еден твит ја прошири веста околу планетата, што се смета за правен факт дека, доколку Конгресот на САД го отповика претседателот Доналд Трамп, тој повеќе нема да може да се кандидира за претседател. Си-Ен-Ен појаснува дека тоа не е вистина.

Твитот објавен два дена по упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол, од профил на човек кој има само 200 следбеници, беше земен здраво за готово, па многу аналитичари во САД и во светот, како и во нашата земја, ги толкуваа намерите на демократите и идната политичка судбина на Трамп и неговата Републиканска партија.

Во твитот, кој за само неколку часа беше  споделен од повеќе од 200.000 профили, според Си-Ен-Ен, биле изнесени и други неточни тврдења: дека во случај на отповикување, Трамп ќе ги изгуби своите претседателски привилегии – пензија, доживотна безбедност…

Си-Ен-Ен истакнува дека Трамп може да ја изгуби пензијата само доколку Сенатот, откако ќе биде отповикан во Претставничкиот дом, со двотретинско мнозинство го прогласи за виновен и ќе го отстрани од претседателската функција.

Самиот „импичмент“, без посебна одлука на Сенатот за забрана на кандидатурата, не го спречува Трамп да учествува на изборите во 2024 година, објасниле неколку правни експерти за Си-Ен-Ен.

Дури и ако Сенатот го прогласи за виновен со двотретинско мнозинство и гласа за негово отстранување од претседателската функција, тоа автоматски нема да го спречи Трамп да се кандидира во 2024 година.

Доколку Сенатот сака дополнително да ја забрани новата кандидатура за претседател, тој мора да одлучи за тоа во посебна одлука за која е потребно обично мнозинство гласови.

Многу граѓани, според Си-Ен-Ен, го користат зборот „импичмент“, мислејќи на повлекување и отстранување од функцијата, што не е иста работа. Претседателите кои не биле отповикани и заменети, потсетува телевизијата, имаат право на доживотна пензија еднаква на годишната плата на раководителот на извршното одделение. За Трамп, како и неговиот претходник Барак Обама, тоа би било повеќе од 200.000 долари годишно.

 

Слични содржини