Може ли три јајца да стојат едно врз друго? Овој Гинисов рекордер покажа што знае (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
309 прегледи

Мохамед Мукбел жител на Куала Лумпур ја покажа неверојатната уметност на балансирање со тоа што редеше три јајца едно врз друго, со што го собори Гинисовиот рекорд.

Гинис објави дека жителот на Куала Лумпур, Мохамед Мукбел (20) е рекордер кога успеа да избалансира три јајца во формација на кула.

Организацијата за евиденција утврдила дека сите јајца мораat да бидат свежи и без пукнатини.

Мукбел, кој учи да реди јајца уште од 6-годишна возраст, рече дека открил трик во идентификување на центарот на масата на секое јајце, и да обезбеди дека тие се усогласуваат за време на редењето, пренесува Спутник.

Тој рече дека редењето јајца бара високо ниво на концентрација, како и трпеливост и вежба.

 

Слични содржини