31
Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, смета дека лигата во Саудиска Арабија е поквалитетна од француското првенство, кое е во првите пет најсилни лиги во Европа.
„Про лигата е посилна од Лигата 1, се разбира. Францускиот шампионат го има само Пари Сен Жермен. Обидете се да фатите спринт на 39 или 40 степени, и ќе видите“, изјави Роналдо на „Меѓународната спортска конференција во Дубаи“.
Блескавата кариера на славниот Португалец е при крај, па тој полека размислува што ќе прави кога ќе ги закачи копачките.
„Дали ќе бидам тренер или менаџер? Не, но можеби сопственик на клуб“, изјави Роналдо.