Алексис Ципрас ни најмалку не ја изгубил желбата да управува со Грција. Новата мекономска програма е со старите ветувања на “Сириза”, но во прилично соголен вид. Одекор во Грција е нееднозначен.
По традиција отворањето на саемот во Солун нуди можност на водечките политичари на Грција да ги презентираат економските програми. Бидејќи Ципрас неодамна поднесе оставка, тој го држеше говорот не како премиер, туку во својство на претседател на левичарската партија “Сириза”. Тоа сепак не го намали интересот за кажаното, токму напротив. Настапот на Ципрас во Солун поминува за клучен момент од предизборната кампања пред парламентарните избори на 20 септември. Луѓето ја очекуваа со интерес неговата проценка за досегашната владина активност откако – спротивно на дадените пред тоа ветувања – склучи нови кредити со доверителите и одобри нови мерки за штедење.
И овој пат Ципрас не ги разочара најверните приврзаници со зајадлива реторика и исмејувањето кон Берлин: Точно, неговата влада направила компромис, но не било потчинување пред странските кредитори. Борбата на грчкиот народ ја потресе цела Европа и нанесе значителна штета на германскиот имиџ – како главен поддржувач на политиката за штедење. Дебатата за излегување на Грција од еврозоната не била веќе на дневен ред. И покрај тоа претстојната нова “борба” за промени и подобрувањата на условите, Грција мора да го изврши договореното по последниот договор од август. По реизборот , Ципрас требало да се бори за преоформување на долгот, како и против распродажбата на државното сопственост за евтино. Во својот говор поранешниот премиер нагласено темелно ги избегнуваше зборовите “нови преговори”.
Десет нови изборни ветувања
Опозицијата реагираше премногу остро на овој говор. Поранешниот министер за економија од “Нова демократија” Костис Хаџидакис изјави во телевизиско интервју дека Ципрас направил трета голема грешка. “Првата грешка беа лажните ветувања за време на последната изборна борба. Втората грешка беше што следеше погрешна тактика во преговорите и постигна многу полош аранжман од сите претходни договори. Сега тој ја прави и трета грешка велејќи дека сака стабилно мнозинство, за да оствари аранжмани во кои не верува, но и покрај тоа ги има потпишано. Тоа не е јасна порака до гласачите “, тврди Хаџидакис.

Пред околу една година Ципрас беше исто така во Солун и одржа говор како лидер на опозицијата. Тогаш тој вети дека ќе создаде 300 000 нови работни места, ќе престане приватизацијата и ќе се зголеми минималната плата. Покрај тоа, тој се прогласи за простување на дел од долговите и за поголеми јавни инвестиции. Токму овие ветувања му донесоа сјајна изборна победа. Со оглед на хронично празните државни каси, оваа година Ципрас мораше да се задоволи со скромни ветувања. Сепак, тој објави десет нови економски мерки – почнувајќи од формирањето на нова инвестициска банка, зајакнување на социјалните грижи, па дури до борбата со невработеноста. Голем дел од овие мерки се копија на претходните ветувања на “Сириза”, но во голема мера намалени .
Наместо создавање на 300 000 нови работни места, сега Ципрас ветува само “150 000 и тоа со привремени договори за млади невработени”. Под наслов “Солун №2”, лево-либералниот “Весник на уредниците” го проценува премногу позитивно говорот на Ципрас како обид на “Сириза” да се обнови почитување на старите ветувања. Конзервативниот “Еleftheros Typos” сепак гледа на говорот на друг начин и го обвинува Ципрас дека прави “празни ветувања”, а политичкиот експерт Василис Лирицис рече: “Како и многу други политичари пред него, тој ветува дека ќе ја промени земјата. Но не кажува што значи тоа за граѓаните. Кој сака да ја промени земјата, треба да го стори тоа, а не само да зборува за промени “.
Нејасно останува дали Ципрас ќе има мнозинство
Прашање е дали Ципрас ќе освои мнозинство во грчкиот парламент. Според последните анкети, неговата “Сириза” и конзервативната “Нова демократија” добиваат речиси еднаква поддршка кај гласачите, откако отцепената од “Сириза” партија “Национално единство” околу поранешниот министер Лафазанис се стабилизира помеѓу 4 и 5 проценти од гласовите. Според анкетите, трета политичка сила останува десно-радикалната “Златна зора”. Таа дури и се надева да емитува лидер на опозицијата, ако Ципрас и конзервативците формираат голема коалиција по изборите. Уште четири партии се надеваат да станат трета сила во парламентот. Меѓу нив е и некогаш семоќната социјалистичка партија ПАСОК.
