Можете ли да ги решите? Три загатки чии решенија ќе ве натераат на размислување

од Elena Daskalova
565 прегледи

Во продолжение ќе прочитате три слични загатки, во кои се бара само едно – да го најдете единствениот пат за бегство. Обидете се да ги решите самите.

Секако, подолу ќе ги најдете и точните одговори.

1. Бегство од затвор

На еден затвореник му се укажала прилика да избега од затворот. Успеал да излезе од ќелијата, а сега треба да ја помине и надворешната врата. Но, има вкупно три врати. Едната ја чуваат крволочни чуварски кучиња, на втората има бомба на која ѝ отчукуваат последните секунди, а на третата вооружен и опасен затворски чувар. Низ која врата најлесно ќе побегне?

2. Пештера на Јужниот пол

Еден истражувач се наоѓа на Јужниот пол, кога почнува снежна бура. Тој мора некаде да се скрие. Има две пештери, но во едната има гладна поларна мечка, а во другата контејнер со радиоактивен отпад. Во која ќе се скрие?

3. Куќа со четири врати

Човек бил киднапиран и затворен во куќа. Киднаперите си заминале. Куќата има четири излези. На првиот има екстремен студ и многу снег, ќе измрзне до смрт. На вториот има гладни волци. Зад третата врата има гасна комора со отровни гасови. Низ четвртата пак, многу јако сонце што ќе го изгори во првата секунда. Низ која врата најбезбедно ќе избега?

Размисливте добро?

Прочитајте ги сега точните одговори:

1. Треба да ја почека бомбата да експлодира само неколку минути, но и да се држи подалеку од вратите. Откако таа ќе експлодира, патот му е отворен.

2. На Јужниот пол нема поларни мечки, истражувачот ќе се скрие во првата пештера.

3. Човекот треба да почека да зајде сонцето и ќе излезе низ четвртата врата.

Колку точни одговори имавте?

Слични содржини