Можна смена на директорката: Просветниот инспекторат во ОУ „Владислав Рибникар“

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Просветниот инспекторат влегол во ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар каде се случи масакр кога ученик (13) уби девет ученици и училишен чувар, а ги проверуваат сите наводи и поплаки од сите групи родители, дознава „Курир“.

Според сознанијата на порталот, не би било изненадување доколку биде сменета директорката на споменатото училиште Снежана Кнежевиќ.

Да потсетиме, во ова училиште наставата продолжува и денеска во двете смени со присуство на шест полицајци. Неофицијално, училиштето продолжува со работа, според програмата без оценување и без испрашување на самите ученици.

Меѓу барањата е и суспензија на училишниот психолог Лидија Макшиќ и училишниот педагог Јелена Вујичиќ, до завршување на истрагата и утврдување на нивната лична одговорност за трагичниот настан.

Слични содржини