ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или со мобилната апликација „Скопска“.
-Апелираме до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected], велат од градското јавно претпријатие.
Голем дел од граѓаните во последниот период се пожалија дека се оневозможени да плаќаат преку телефон во автобусите на ЈСП.