Можно е да имало помош од затворската полиција при копањето на тунелот во „Идризово“

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Можно е да имало помош од затворската полиција при копањето на тунелот во затворот Идризово, но истрагата допрва ќе докаже дали е свесно помагано или премолчено. Со ист став се Јовица Стојановиќ, в.д директор на управа за извршување на санкции и адвокатот Виктор Цветковски, кој пред 18 години бил директор на Управата.

Во „Топ Тема“ тие објаснуваат дека на копањето на тунелот е работено долго време, според структурата и она што го виделе на лице место.

-Се уште немаме сознанија кој тоа го правел, а во соработка со надлежните органи ќе ги дознаеме, вели Стојановиќ. За да се влезе во таков тунел потребно е време подолго од 2 часа колку што трае прошетката на затворениците и има простор за сомневање дека се правеле пропусти, а истрагата ќе покаже дали има вмешани од затворот.

Слични содржини