Можно е Реџепи да биде дел од новото парламентарно мнозинство, вели Џафери

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Собранискиот спикер, Талат Џафери, вечерва најави дека од утре ќе се знае како ќе изгледа новото парламентарно мнозинство.

-Не е исклучена можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, да биде дел од актуелното мнозинство, но сепак тоа ќе биде негова лична одлука, изјави Џафери за емисијата „Клик плус“.

Тој исто така информира дека на 15-ти ноември почнува Комисијата за финансии и буџет, а на 26-ти ноември се дебатира на пленарна седница.

-После тоа буџетот се враќа на разгледување во Влада. На 1-ви декември повторно се разгледува на пленарна седница, а до 5-ти декември до 24 часот треба да се изгласа, појасни Џафери.

Слични содржини