Можно намалување на цената на струја за малите потрошувачи

од Nikola Popovski
135 прегледи

Можно е намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи, односно компаниите коишто вработуваат 98 проценти од вработените во државата, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски од Овче Поле каде присуствуваше на започнувањето на градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле.

За да го нема тој ценовен шок, како и досега, вели Ковачевски, државата има определено финансиски средства во буџетот, како за 2022 така и за 2023 година.

-Финалната цена која што се состои од три ценовни параметри, кои на крај ги определува РКЕ, овозможува да нема ценовен шок за граѓаните. Министерот за финансии и јас на прес многу транспаретно информиравме дека во Буџетот имаме ставено ставка од 250 милиони евра за справување со економско-енергетската криза. Од она што го имаме досега во 2022 година, Северна Македонија е држава којашто најдобро ја помина енергетската криза, односно најуспешно се справи од сите земји во регионот, со оглед на финансиските издатоци од буџетот и со оглед на непрекинато снабдување со електрична енергија за граѓаните и недозволување да има ценовен шок за цената на електрична енергија на регулираниот пазар. Тоа е планот и за идната година, истакна премиерот.

Кога се определува финална цена на електричната енергија за граѓаните и за малите потрошувачи, посочи дека ЕСМ според закон имаат обврска да снабдат 60 проценти од регулираниот пазар, а со одлука на Влада се задолжени 100 проценти да го снабдат и тоа го прават.

Слични содржини