МП: Хрватска е наш партнер за реформите во правосудството

од Nikola Popovski
13 прегледи

Средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, е од клучно значење за нашите напори за реформа на правосудниот систем, како и за борбата против криминалот и корупцијата. Реформите во правосудството, измените на Кривичниот законик и на Законот за Судски совет кои ги планираме се суштински за создавање на праведно и транспарентно општество, велат од Министерство за правда.

Министерот за правда Игор Филков и амбасадорката Тигањ разменија искуства и мислења кои ќе помогнат во зајакнување на нашиот правен систем.

Хрватска има значајно искуство во правосудството и нивната експертска поддршка ќе ни помогне да го забрзаме патот кон европските стандарди.

-За нас, како што велат оттаму, борбата против корупцијата и организираниот криминал е основа за стабилност и развој, и токму поддршката од Република Хрватска, е важна за реализација на нашите цели. Со заеднички напори, ќе продолжиме да работиме на зајакнување на правната држава и на градење на доверба кај граѓаните, се наведува во соопштението на ресорот предводен од Филков.

Слични содржини