35
Mинистерството за правда соопштија дека пристапиле кон завршување на процесот на изготвувањето на кодификацијата на граѓанското законодавство.
„По повеќе од деценија, а водејќи исклучително сложен и обемен процес Министерството за правда во оваа завршна фаза ќе спроведе постапка за водење на стручни јавни расправи за Граѓанскиот законик со цел да се презентира концептот, но и да се слушнат коментари и идеи кои би придонеле за подобрување на истиот“, велат од МП.
Граѓанскиот законик претставува целина од пет сегменти на современи и харамонизирани решенија во повеќе области, кои ќе дадат значителен придонес кон обезбедување на пристапот до правда и правната сигурност на граѓаните, додаваат оттаму.