МПС: Будно ги следиме сите постапки во кои се вклучени полициските службеници

од Aleksandar Petrovski

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија,во врска со настаните кои се случија изминатите неколку денови во кои беа инволвирани полициски службеници, ГО ИНФОРМИРА СВОЕТО ЧЛЕНСТВО А И ЦЕЛОКУПНАТА ЈАВНОСТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА за активностите кои како Синдикат ги превземавме и тоа:

Македонскиот Полициски Синдикат следејки го текот на постапката со нападот на Полициски службеници од страна на група на лица на подрачјето на ОВР Прилеп случаен на 24.09.2020 година во кој повеке полициски службеници се здобија со повреди а еден полициски службеник во критична состојба беше пренесен во клинички центар Скопје,го поздравува постапувањето на надлежното Обвинителство и надлежниот суд во која постапка на 10 лица им е изречена мерка притвор. Го поздравуваме ваквото постапување кое дава јасна порака за правична институционална заштита на полициските службеници при извршување на својата професија и јасна порака дека секој напад на Полициски службеник ке резултира со соодветна итна постапка согласно кривичното законодавство.

Од страна на МПС во целост ке се следи ваквата постапка до завршување на постапката, во насока на заштита на правата на полициските службеници и заштита на достоинството на професијата полицаец, и континуирано ке ја известува јавноста за целиот тек на постапката.

Во врска со настанот случаен во Скопје каде беше прегазен полициски службеник кој поради здобиени повреди беше пренесен во Клинички центар Скопје, изразува големо незадоволство за постапувањето на надлежните институции каде настанот е квалификуван како обична сообраќајна незгода и во која постапка само формално е обавен разговор со сторителите и истите се ослободени. Сметаме дека ваквиот фирмализам во постапувањето без во рамки на постапката да се утврдат сите факти во однос на правична квалификација на настанот придонесува кон охрабрување на сите сторители на вакви дела и загрозување на животот и здравјето на полициските службеници и загрозување на самата професија полицаец која треба да биде гарант за безбедноста на сите грагани и безбедноста на државата. Укажуваме дека нападот на полицаец се врши на сите начини кои се насочени директно кон полициските службеници при што и нападот со употреба на моторни возило преставува напад исто како и нападите со користење на опасни орудија.

Бараме од надлежните институции да ја преиспитаат квалификацијата на кривичното дело за овој настан и во рамки на постапката да ги превземат сите најстроги законски дејствија кои им се на располагање раководејки се од правичното постапување во насока на целосна заштита на полицискиот службеник и на самата професија полицаец.

МПС целосно ке ја следи ваквата постапка до завршување на постапката и за целиот тек на постапката ке ја информира јавноста.

За настанот во Битола,Македонскиот Полициски Синдикат ја информира јавноста дека против лицето во настанот со полициските службеници има поднесено Кривична пријава за напад на Полициски службеник уште на 21.09.2020, што е очигледно од повекето снимки кои беа објавени во вчерашниот ден. Бараме да не се донесуваат избрзани заклучоци во кои ваквите сторители на кривични дела би се претставиле како жртви во јавноста. Бараме од Јавното обвинителство во Битола да се забрза постапката согласно законски предвидената постапка за да се утврди вистината и ваквите сторители да се осудат за нивните постапки.

Во однос на постапката која се води против полициските службеници дали истите ги примениле полициските овластувања во рамки на законот потребно е да се почека постапката во која би биле утврдени сите факти во однос на постапувањето на полициските службеници. Да не заборавиме на Уставно загарантирано право на Пресумпција на невиност согласно кое секој се смета за невин се додека не се утврди во соодветна постапка и во таа насока бараме да бе се донесуваат ставови кои би биле резултат на предрасуди.

Ги информираме полициските службеници дека МПС е со нив и дека активно ке се вклучиме во остварувањето на правото на бесплатна правна помош на полициските службеници со личен избор на адвокат кој ке ги застапува во постапката а со цел докажување на основано ста на примената на полициските овластувања и докажување на нивната невиност.

Ги информираме нашите членови дека будно ги следиме сите постапки во кои се вклучени полициски службеници и дека позади нив секогаш стои колективната сила на Македонскиот Полициски Синдикат и колективната сила на Европскиот совет на Полициски синдикати во кој активен член е МПС, и кој Совет сегогаш е со јасна и недвосмислена подршка на нашите членови, на што сме сведоци во изминатите денови во кои добивме јавна подршка од Европскиот совет на Полициски синдикати.

Нашите членови можат да бидат цврсто уверени дека не се сами во ваквите тешки моменти и дека секогаш здружени користејки ја колективната сила на Синдикатот максимално ке се залагаме за заштита и остварување на сите права како и за достоинството на професијата која ја извршуваме, се вели во соопштението на Македонскиот полициски синдикат.

loading...

Слични содржини