МПС кон Апасиев: Еве ние „џандарите“ да Ви дадеме бесплатна лекција по ПРАВО

од Vladimir Zorba
700 прегледи

Македонскиот Полициски Синдикат (МПС) најостро реагира на објавата на социјални мрежи на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев кој со неговиот речник и вокабулар воопшто не ја преставува пратеничката функција.

„Вашето однесување како Пратеник, Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на Вашите обврски и права кои произлегуваат од Вашиот пратенички мандат како и неоснованото повикување на пратенички имунитет ја отсликува Вашата личност“, соопштуваат од МПС.

„Кога сме веќе кај Вашиот Имунитет на кој се повикавете, еве ние „џандарите“ да Ви дадеме бесплатна лекција по ПРАВО:“

– Уставниот имунитет на кого сте се повикале не ве ослободува ниту од прекршочна, ниту од кривична одговорност.

– Член 64 од Уставот на Република Северна Македонија на кого се повикувате гласи:

* Пратениците уживаат имунитет.
* Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.
* Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.
* Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.
* За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.
* Пратеникот има право на надомест утврден со закон.

Слични содржини