По најавите на Независниот полициски синдикат, дека при крај се преговорите за вакцинирање на македонски полицајци во Србија, со рекација се јавија од Македонскиот полициски синдикат.
-Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во МВР на РСМ, во делот на вакцинацијата на вработените во МВР на РСМ од Ковид 19 ве ииформираме дека сме во постојани преговори со Владата на РСМ, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, за кое од кабинетот на премиерот имаме добиено писмено известување дека нашите доставени писмени барања се прифатени т.е од нивна страна одговорено е позитивно дека вакцинацијата на вработените во МВР е планирана во делот на прироитетните фази односно во II фаза од Националниот план за вакцинацијата од Ковид 19 на РСМ.
Оттаму додаваат дека како синдикат би прифатиле донација на вакцини, но вакцинирањето да се изврши во македонските болници.
-Ние како синдикат би прифатиле донација на вакцини од нашите братски синдикати од соседството и Европа и вакцинацијата секако би се вршела во нашите здравствени установи.
Далеку од здрав разум е да бидат изготвувани списоци со лични податоци на наши членови кои воедно се припадници на безбедносните сили на РСМ, и доставување на стански држави, со што автоматски би го загрозиле безбедносниот систем на државата, се пишува во реакцијата на Македонкиот полициски синдикат.