МПЦ-ОА: Во храмовите и манастирите ќе има посебен влез и излез за верниците

од Берта Китинска
200 прегледи

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија денеска преку соопштение повика на одговорност и почитување на зададените мерки од здравствените власти, имајќи ја предвид епидемиолошка состојба во земјава и во пресрет на Велигден и велигденските празници.

-Ги известуваме верниците дека МПЦ-ОА, во претстојниот период на Страсната недела, кој изобилува со богослуженија, во храмовите и манастирите ќе бидат воведени и спроведувани следните мерки: ќе бидат определени лица кои ќе се грижат за задолжително носење заштитни маски внатре и надвор од храмовите и за држење на пропишаното растојание, каде што има услови, литургиите ќе бидат служени на отворено и каде што има услови, ќе се воспостави посебен влез и посебен излез од храмот, се вели во соопштението.

Слични содржини