Петар Пан е момчето кое никогаш не порасна, симпатичниот смотко, кој успеа да убеди генерација на деца дека „соништата се остваруваат доколку искрено ги посакуваме“.
Меѓутоа, откако минатата недела беше објавен оригиналната верзија на Џејмс Метју Бари „Петар Пан и Венди“, откиена е мрачната страна на неговиот јунак.
Сега, неговите љубители ќе имаат прилика да ја прочитаат верзијата на приказната и да се уверат какви измени внесувал Бари додека ја пишувал книгата.
Новото издание откива како Бари го прилагодувал карактерот на својот јунак за да одговара на публиката во 1911 година. На пример, ги отфрлил описите во кои вели дека бил „непослушно момче“, кој „пркосно“ ѝ се обраќал на Венди и кој се трудел да „биде попрезирен од било кога“.
– Освен тоа, во верзијата во објавената книга, Петар е себичен и злобен, отколку во верзијата која покасно е објавена – рекла Џесика Нелсон, уредник на новото издание.
Се чини дека ваквиот опис на приказната е во склад со завршетокот на книгата, кога Петар рамнодушно и соопштува на Венди дека потполно ја заборавил Звончица. После тоа ја носи ќерката на Венди во Недојдија, оставајќи ја Венди, кој очајнички сака да оди.
– Бари не се плашел да покаже дека и децата понекогаш можат да бидат пргав – рекла уредничката.
Авторот го сменил и самото име Недојдија (Neverlend). Првобитното име гласело Never Never Land (Никогаш, никогаш достижна земја) и звучело по мистериозно.
Бари првобитно сакал да ја нагласи разликата меѓу светот на возрасните и светот на Петар Пан, смета Нелсон.
– Недојдија е всушност Никогаш, никогаш достижна земја, земја во која возрасните никогаш, никогаш не можат да дојдат – објаснила уредничката.
Насловот на ракописот е сменет во „Петар и Венди“ во печатеното издание од 1911 година, пред Венди да биде исфлена од насловот. Ова покажува колку биле важни жените за Бари. Иако венди не зема некое особено место во верзијата на ракописот, кога повторно ќе ја прочитате приказната, имајќи го тој наслов на ум, ќе го согледате значењето на нејзиниот лик и тој наслов ѝ ја враќа улогата која и припаѓа.
Издавачката куќа „SP Books“ испечатила само 1.000 примероци од 282 страни, по цена од 140 фунти. Верзијата содржи 21 илустрација преку целата страна во бој, од авторката Гвинед Хадсон кои го красат изданието од 1930, објавено во многу мал тираж. Дел од приходите од продажбата ќе бидат подарени на болницата „Грејт Ормонд стрит“, на која Бари, пред смртта, ѝ ги поклонил правата за копирање.
Оригиналниот ракопис се чува во „Јавната библиотека во Њујорк“.