Мрачни мисли: Од каде доаѓаат и што ги предизвикува?

од Elena Daskalova
508 прегледи

Чувството на непријатност, загриженост и тензија, а чие потекло не го знаете, е причина да се чувствувате ужасно и депресивно. Секој од нас го искусил тоа барем еднаш во животот.

Психолозите Сандра Лиера и Мишел Њуман, за магазинот „Psychology Today“ откриваат од каде доаѓаат овие мисли и што е главниот предизвикувач за нив. Со ова прашање се „мачат“ многу стручњаци, а она што е зачудувачки во целиот концепт е дека, колку и да звучи иронично, но луѓето најчесто имаат позитивни убедувања кога се работи за загриженоста.

Загриженоста, тензијата и стравот всушност полесно ќе ве доведат до решение на проблемите и ќе ве направат попродуктивни, отколку кога сте рамнодушни и лежерни. Во моментот кога ќе ве обземат мрачните мисли, најдобро е стратешки да го насочите вниманието кон некој проблем кој треба да го решите.

Честа причина за ваквите мисли е и тоа што некои од нас не можат да престанат да се грижат за себе и за својата емоционална ранливост. Личноста, со помош на грижата, анксиозноста и темните сценарија се „тренира“ себе да може да издржи и многу повеќе од тоа. Но, ако предолго дозволите ваквите мисли да бидат ваше секојдневие, може да се случи константно да се чувствувате лошо и обесхрабрено.

Но, сетете се дека најчесто овие мрачни нешта не се исполнуваат и реалноста всушност е помалку темна од вашите мисли, па веднаш ќе ви биде подобро.

Слични содржини