Мрак во Белград сред бел ден: Стигна силното невреме со град и ветер (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
865 прегледи

Невремето што од Словенија се движи кон останатите земји од регионот, веќе стигна во Србија. Белград веќе е затемнет од облаци, при што почнал да дува силен ветер и да паѓа град.

Невремето прво го зафатило Обреновац и неговата околина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

„Во наредниот час силна облачност, која на подрачјето на областа Колубара предизвикува обилни врнежи со дожд од 20 до 40 мм за краток временски период, краткотраен град и силен ветер ќе се придвижи кон поширокото подрачје на Белград (потегот меѓу Обреновац и Лазаревац)“, се вели во последното предупредување од РЗМЗ.

Александар Шапиќ, градоначалникот на Белград, ги предупредил граѓаните да не излегуваат надвор.

Фото: DJORDJE KOJADINOVIC / RINGIER

Слични содржини