Мраз окова куќа крај езерото Онтарио

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Куќа којашто се наоѓа на брегот на езерото Онтарио во американсата сојузна држава Њујорк, целосно замрзна поради студениот ветер и огромните езерски бранови, коишто цела вечер ја плискале куќата.

Невообичаено студено време, со обилни снежни наноси и силен ветер, го опфати целиот тој реон минатата седмица.

Необичната глетка на куќата ја забележал фотографот Џон Куко, кој и ги објави сликите на социјалните мрежи.