Мрежест фустан и црна танга: Рита Ора во провокативно издание (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Пејачката Рита Ора го привлече вниманието на јавноста поради модниот скандал во кој се најде откако се појави во необично издание.

Пејачката гостуваше на роденденска забава, а за оваа прилика избра необичен стајлинг кој предизвика многу негативни коментари.

Рита носеше мрежест фустан со капуљача во боја на кожа, под кој носеше само црна танга. Стајлингот го комплетираше со високи потпетици и накит.

Изгледа дека ова издание изнервира голем број нејзини следбеници, па многумина истакнаа дека не им е јасно зошто познатите дами се почесто се одлучуваат за вакви и слични модни изданија.

„Каков лош вкус“, „Ова е одвратно“, „Никогаш не би излегла вака на улица“, „Подобро да излезеше гола“, „Не знам што им значат овие мрежи , ова е катастрофа“, се само дел од коментарите.

Слични содржини