„Мртов Шиптар – добар Шиптар“: Говор на омраза на скопскиот плоштад (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Петрит Сарачини на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук пушти видео на кое може се слуша како група млади луѓе, веројатно фудбалски навивачи, пеат „Мртов Шиптар- добар Шиптар“.

„Не барам од моите пријатели Македонци да го осудат ова. Тие што ми се добри пријатели, знам дека го осудуваат.

А од „пријателите“, тапшачите по рамо, „неутралните“, оние што за извиците на Комити молчат а редовно ме прашуваат „а каде си ти за Балистите и Шверцерите…“ што сум ги осудил стопати (ама нема кој да прочита) – нема поента ни да се бара каква било осуда. Тие само го мислат она што Комитите гласно го кажуваат.

Многу побитно за сите нас – Да бараме од МВР и од Обвинителството да преземат мерки против ова разгорување на меѓуетничка омраза. По службена должност, како што вели Кривичниот законик за вакви дела! #StopZaOmrazata“, напиша Сарачини.

Слични содржини