МТСП: Децата од градинката „Детска радост“ се безбедни

од Nikola Popovski
270 прегледи

Во врска со отвореното писмо упатено до јавноста и до Министерката за труд и социјална политика, од страна на родители чии деца се згрижни во ЈОУД Детска Радост-Гази баба, Скопје, од МТСП информираат дека отвореното писмо во кое родителите се повикуваат на настани поврзани со директорката во установата, во никаков случај не ги засега децата кои се згрижени во установата, од причина што за нив се грижи стручен кадар кој својата дејност ја обавува со големо внимание и љубов кон децата.

-Наводите во отвореното писмо за криминални дејанија од страна на дитекторката не може да ги коментираме од причина што за откривање на кривично дело и санкции доколку истото постои надлежни се други органи и институции. Наводите дека децата се гладни и без храна до сега родителите можеле да ги пријават до нашето министерство, но од редовен инспекциски надзор во установата извршен од страна на инспектори оваа година и увид во листите на јадења и дневното мени констатирано е дека исхраната на децата е согласно пропишаните стандарди и нормативи. За детето кое беше повредено со „лажица” извршен е инспекциски надзор и донесено е соодветно решение од страна на инспектори при МТСП, а понатамошниот тек за утврдување на вина на воспитувачката е во рамките на инститициите на системот. На крајот ги информираме родителите дека основачот на предучилишната установа односно општината, мора да ги почитува одредбите од Законот за заштита на децата. Во спротивно следат соодветни реперкусии за истиот, велат од МТСП.

Од таму уверуваат дека децата се безбедни во ЈОУД Детска Радост-Гази баба, Скопје и згрижувањето и воспитанието се одвива непречено, согласно закон и подзаконски акти.

Слични содржини