МТСП: Ги охрабруваме и граѓаните и вработените да пријават секаков вид на притисоци

од desk3
101 прегледи

Oткако заменик-министерот Диме Спасов ги повика вработените да не постапуваат според упатствата на министерката Фросина Ременски, се огласија и од МТСП.

remenski
“Ги охрабруваме и граѓаните и вработените да пријават секаков вид на притисоци, незаконско постапување или барања од претпоставен за незаконско постапување. Координацијата на секторите во делот на нивната обврска да одговараат на конкретни прашања на граѓани упатени по електронски пат до Министерството го прават одговорни лица од Кабинетот на министерот со цел навремено и компетентно известување. Професионалното и законито постапување на вработените во Министерството за труд и социјална политика е топ приоритет на министерот и принцип на работа на вработените во Министерството. Секој вработен е должен да пријави незаконско постапување во вршењето на работните задачи” се вели во сооштението на Министерството.

Од Министерството за труд и социјална политика објаснуваат дека со службената мејл адреса и со веб страницата на Министерството управуваат овластени лица за комуникации со јавноста, медиумите и со граѓаните.