МТСП: На ниту еден работник со мартовската исплата нема да му биде исплатена плата помала од 20.175 денари

од Nikola Popovski
213 прегледи

Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од 29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март.

Согласно Законот за работните односи платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година.

-Износот на минималната плата согласно критериумите од методологијата донесена изминатата година, беше усвоен на Економско социјалниот совет одржан на 13.03.2023 година. На ниту еден работник со мартовската исплата нема да му биде исплатена плата помала од 20.175 денари, известија од МТСП.

Слични содржини