МТСП остро го демантира Стефковски: Погрешен е пристапот за добивање на ситни политички поени на грбот на децата

од Nikola Popovski
177 прегледи

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) остро го дематира и отфрла написот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски дека вработени во министерството за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството за донесување на незаконски одлуки за одземање на ингеренциите ЈОУГД „Детска радост” – Гази Баба.

Ниту еден вработен во Министерството за труд и социјална политика кој е поврзан со инспекциски надзор, ниту одговорен во делот на детска заштита не користи боледување во овој момент, велат од таму.

-Исто така институцијата посочува дека вработените се докажани професионалци во својата област,
без никакви особини да потклекнуваат на притисоци од било која страна, посебно не од страна на министерката која е нивна долгогодишна колешка.

Сите акти кои ги носи министерството за труд и социјална политика се поткрепени врз основа на закон, додека политичката борба и политиканство на грбот на децата и детската заштита води токму градоначалникот, на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Одземените надлежности на градоначалникот се резултат на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД „Детска радост” – Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот, Бобан Стефковски, при водење постапка за разрешување на директор, порачуваат од МТСП.

 

Министерството за труд и социјална политика апелира, градоначалникот Бобан Стефковски да прекине да шири лажни вести и дезинформации и при тоа да создава конфузија и немир помеѓу родителите на децата кои се згрижени во ЈОУГД „Детска радост” , а сето тоа за ситни политички поени по што и е препознатлив.

Слични содржини