МТСП: Протестите треба да бидат пред институциите кои се надлежни за барањата на Костовски

од Nikola Popovski
178 прегледи

Согласно изјавата пред медиумите од страна на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во однос на вработувањата во ЈОУДГ „11 Октомври”-Бутел, Министерството за труд и социјална политика известува дека навремено и одговорно ги има извршено обврските за поднесување на барањата за вработување во градинката.

-Имено, во текот на 2023 година МТСП има постапено по сите доставени барања за вработување, додека Министерството за финансии ги има одбиено. Воедно известуваме дека не се работи за 26 согласности за работа, туку дека за градинката побарано е во текот на месец февруари 3 согласности, а во месец септември 6 согласности, стои во соопштението.

Од ресорот додаваат дека Министерството за труд и социјална политика не е надлежен орган за обезбедување на финансиски средства за вработување или унапредување и порачуваат дека градоначалникот, Костовски како лице кое произлегува од оваа институција би требало да ги познава надлежностите на истата и да не шири дезинформации.

-Согласно Член 20 од Законот за извршување на буџетот за 2023 година, буџетските корисници и единките корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија можат да вработуваат работници на определено време, на неопределено време и да склучуваат договори за отстапување на работник за привремени вработувања, за вршење на привремени работи само под услов ако за тоа се обезбедени финансиски средства во Буџетот на Република Северна Македонија, односно во финансиските планови за тековната фискална година.

Буџетските корисници (во случајов МТСП) доставуваат барање за добивање на известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства за пополнување на работно место преку вработување на неопределено време во рамките на единките корисници (ЈОУДГ „11 Октомври”-Бутел) кои се во нивна надлежност по претходно извршена анализа за оправданоста на барањето за вработување и само доколку станува збор за работно место кое е неопходно за вршење на основната дејност на единката корисник.

МТСП како буџетски корисник постапува по сите барања доставени од единките корисници, истите ги доставува до Министерството за финансии со целокупната документација. Министерството за финансии во рок од 30 дена од денот на приемот на барањата за пополнување на работно место писмено го известува МТСП за обезбедените финансиски средства за вработување или унапредување, порачуваат од МТСП.

Слични содржини