МТСП: Ширењето на невистини по социјални мрежи нема да им помогне на лицата со попреченост

од Берта Китинска

Министерството за труд и социјална политика останува отворена институција за сите граѓани. Сите политики, стратегии, програми и активности се насочени кон унапредување на условите за живот и обезбедување на можности за еднаквост во општеството.

-Ставот на министерството е дека заедно – институциите и граѓаните, можеме да ги подготвиме најдобрите решенија кои се во интерес на подобрувањето на пристапот до правата и услугите од социјална и детска заштита, но и пристапот до пазарот на трудот и подобрување на капацитетите за вработување кај лицата со попреченост.Министерството сериозно работи на создавање фер и еднакво општество за децата и лицата со попреченост и тоа во неколку наврати јавно го објави, со цел информациите да допрат до сите засегнати, особено заедницата на родители на деца со попреченост за мерките кои се преземаат.Децата и лицата со попреченост е важно да бидат вклучени во јавниот и општествениот живот. Затоа што, со нивното вклучување во градинка, училиште, на пазарот на трудот, во културата и социјалната средина, стекнуваат вештини и знаења со кои ќе бидат активни чинители во општеството. Во таа насока ги креираме социјалните и образовните услуги и правата од социјална заштита, велат од министерството.

Едно дете со попреченост, односно родител на дете со попреченост кое остварува право на социјална и детска заштита, може да користи и одредена социјална или образовна услуга како личен асистент, образовен асистент, помош и нега во домот, услуги од дневен центар, индивидуална поддршка од стручно лице, живеење со поддршка, советување и слично, без да се укине или намали висината на паричниот надоместок.

-Цените за социјалните услуги кои се објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика се однесуваат на цени кои се на товар на државата, односно се плаќаат преку ЈУ Меѓуопштинските центри за социјална работа и се бесплатни за децата или лицата со попреченост. Овие услуги се независни и не влијаат на висината на правата кои ги примаат децата и лицата со попреченост.
Со ова сакаме правилно и вистинито да ја информираме јавноста, како и децата и лицата со попреченост и нивните семејства, дека тврдењата кои се шират по социјалните медиуми не се вистинити и се на штета на развој на услугите и правата на децата и лицата со попреченост, посочуваат од МТСП.

Слични содржини